За првпат, Охридско лето воведува вонсезонски циклус „Прелудиум“ — четири вечери што ја враќаат фестивалската публика во Охрид надвор од летната сезона.
Циклусот се отвора на 24 октомври со рециталот на Елена Марковска посветен на Шуберт, продолжува во ноември со византиското пеење на ансамблот Византион, а во декември следуваат вечер посветена на фестивалската историја на филм и традиционалниот новогодишен концерт.
Концертите се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“ и во „Св. Софија“.


