Вечер посветена на шест децении фестивалска историја на филмска лента: архивски снимки од првите концерти во „Св. Софија“, телевизиски записи од седумдесеттите и материјали од отворањето на Античкиот театар.
Вечерта ја води режисерката Мира Стојанова, која ги собира материјалите за идниот документарен филм за фестивалот.